Македонијатурист АД Скопје лани од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности остварила добивка по оданочување од 171,47 милиони денари, која е зголемена за 77,88% во однос на 2023 година кога изнесувала 96,39 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Оперативната добивка односно добивката од основната дејност на Друштвото изнесува 96.36 милиони денари и е двојно зголемена во однос на минатата 2023 година кога изнесувала 43.91 мил.денари.
Вкупните приходи изнесуваат 514,24 милиони денари и се зголемени за 24,71% во однос на истиот период минатата 2023 година кога изнесувале 412,34 милиони денари.
Оперативните приходи на Друштвото се зголемени за 22% и изнесуваат 419.749 милиони денари споредени со 2023 година кога изнесувале 345.207 милиони денари.
Зголемувањето на приходите од продажба е резултат на остварениот поголем број на ноќевања, зголемената просечна цена по ноќевање, како и на зголемениот обем на дадени услуги од основната дејност на Друштвото во текот на 2024 година.
Финансиските приходи изнесуваат 94.490 милиони денари и се зголемени за 41% во однос на минатата 2023 година кога изнесувале 67.137 милиони денари.
Зголемувањето се должи пред се на зголемениот износ на исплатени дивиденди од вложените средства во хартии од вредност во домашни и странски акционерски друштва, како и од зголемените каматни стапки по кои се вложени средствата на Друштвото.
Вкупните трошоци и расходи изнесуваат 328.49 милиони денари и се зголемени за 7% во однос на 2023 година, кога изнесувале 306.124 милиони денари.
Оперативните расходи изнесуваат 323.386 милиони денари и се зголемени за 7% во однос на минатата 2023 година кога изнесувале 301.302 милиони денари.
Финансиските расходи изнесуваат 5.100 милиони денари и се зголемени за 6% во однос на минатата 2023 година кога изнесувале 4.822 милиони денари, информираат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов претседател на Надзорниот одбор на Македонијатурист е Горан Марковски
Колкав надоместок ќе земаат новите членови на Надзорниот одбор на Македонијатурист
Современ дом стана акционер со над 5% во Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев