еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Денеска прва рунда преговори САД – Украина: Ќе отстапи ли земјата дел од својата територија?

Денеска во Ријад, Саудиска Арабија, започнува првата рунда разговори помеѓу делегациите на САД и Украина за прекин на војната.

Главната тема, како што пренесуваат светските агенции е дали Украина ќе се согласи да отстапи дел од својата територија која ја окупираше Русија.

Во американската делегација се државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Украинската делегација ја предводи Андриј Јермак, главен помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Пред средбата Рубио изјави дека Украина ќе мора да ѝ отстапи одредена територија на Русија како дел од каков било договор за ставање крај на војната.

„Мислам дека двете страни треба да разберат дека нема воено решение за оваа ситуација. Русите не можат да ја освојат цела Украина и очигледно ќе биде многу тешко за Украина целосно да ги турка Русите назад на позициите што ги имаа во 2014 година во кој било разумен временски период“, изјави тој.

Фото: Украинско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска скијање во ски-центарот „Стрежево“

Редакција

Инфлацијата во јуни 3,2%

Редакција

Нотарската комора ги демантира изнесените реакции против нотари во писмото од Амбасадата на Австрија

Редакција