еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бројот на странски туристи се зголемува, на домашни се намалува

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесувал 49.870, од кои 36,8% се домашни туристи, а 63,2 % се странски туристи.

Евидентирани се 106.894 ноќевања, од кои 42,5 % се од домашните туристи, a 57,5 % од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари годинава, во однос на јануари 2024, е зголемен за 4,4 %, a бројот на ноќевањата е зголемен за 4,7 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4,9 %, а на странските е зголемен за 10,8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 7,9 %, а кај странските туристи зголемен за 16,5 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судиите на Уставен не успеаја да изберат нов претседател, седницата продолжува утре

Редакција

Топ 5 најниски нето плати во октомври

Редакција

Кривична за директорот на ЈП Стрежево, купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Редакција