14-годишната Теодора Колева четири години ја чека надежта и среќата наречена срце. Девојчето четири години се бори за својот живот и итно и е потребна трансплантација на срце во странство, за да може да ја добие шансата за живот што ја заслужува.
„Теодора е во состојба на срцева слабост и има потреба од интензивна кардиосупортивна терапија. Веќе е хоспитализирана неколку пати, но за да се спаси, мора да се направи трансплантација во педијатриски кардиохируршки центар во странство.
Додека не се најде соодветен донор, Теодора мора да прима терапија на приватно, која ја одржува во живот, а месечно истата чини околу 2.500 евра. Семејството е финансиски исцрпено и не е во можност повеќе да ги покрие овие трошоци поради што се обраќа до сите нас хумани граѓани за помош,“ се вели во апелот за помош.