еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

30 дена притвор за Бектеши и 12 други лица за трагедијата во Кочани

На поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши на барање на Основното јавно обвинителство, Основниот суд Кочани му одреди 30 дена притвор за трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а се повредни 196.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара 30-дневен притвор за Крешник Бектеши, Размена Чекиќ-Дуровиќ и Беким Хаџиу

По 30 дена притвор добија уште 12 лица, меѓу кои се и поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ и раководителот во истото министерство, Беким Хаџиу.

За уште шест осомничени, на кои претходно, како и на Бектеши, им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, Судот ќе одлучува во текот на денот.

Седум полициски службеници за случајот веќе добија притвор по 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега 28 лица осомничени за трагедијата во Кочани, тројца се во болница

Засега со истрагата за пожарот во Кочани во кој во т.н. дискотека загинаа 59 лица се опфатени 28 лица, од кои тројца се во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бектеши и Трајковски со полиција спроведени во Кочани

Седумте приведени полициски службеници констатирале дека дискотеката во Кочани ги исполнува законските услови за работа

Уапсен Папазов и двајцата негови претходници Илијев и Димитровски

Фото: Бектеши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас си замина, останаа проблемите

Редакција

Софиското Јавно обвинителство поведе предистрага за закани по живот за Пендиков на интернет

Редакција

„Аутомобиле СК“ го доби тендерот на ЈП „Паркинг Кавадарци“ за набавка на возила вреден 19.800 евра

Редакција