Вчера од болница излезе 19-годишниот Јован Костадинов од Виница кој во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 59, а беа повредени 203 лица, спаси 21 лице.
Тој беше хоспитализиран седум дена поради белодробни нарушувања предизвикани од зголемена концентрација на јаглерод моноксид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аплаузи и прегратки за херојот Јован, кој излезе од болница
Во Виница беше пречекан, како и што заслужува, со аплаузи и прегратки од соучениците и професорите во средното училиште „Ванчо Прќе“.
Како што е познато тој влегол во опожарениот објект откако ја намокрил маицата и себе со вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани
Како што пренесоа локалните медиуми во момент кога ја донел одлуката 20 пати да влезе во објектот останал присебен и се сетил што треба да направи благодарение на часовите за прва помош кои неодамна ги имал за полагање за возачка дозвола.
Општина Виница ќе му додели плакета за хуманост и херојство и стипендија за високо образование од 6.000 денари месечно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Херојот Јован Костадинов е во добра здравствена состојба, наскоро ќе излезе од болница
(Видео) Момче од Кочани останало да спасува настрадани во пожарот и загинало
Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани
Фото: Фејсбук/Костадинов