еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Непроменета е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство

Во медицинските центри надвор од државата моментално се лекуваат 68 поврдени во пожарот во Кочани, информира денеска од Министерството за здравство.

Еден повреден е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде има здравствено осигурување.

Најавени се неколку исписи за повредени за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите.

Непроменета останува состојбата на повредените кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во клиниките во Скопје се лекуваат 11 лица, од кои шест во Хируршка клиника “Св. Наум Охридски”, двајца на Клиниката за токсикологија, останува еден повреден на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се испишани на домашно лекување и двајца во „Систина”.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ветерот и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарот на Серта

Редакција

Граѓаните да се воздржат од големи семејни прослави, засега нема да има препорака за нови мерки

Редакција

Трифонов го нападна Петков оти сакал старт на преговори на Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без гаранции за правата на Бугарите

Редакција