Дритон Кучи, актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, е еден од новите 19 осомничени во проширената истрага на Основното јавно обвинителство за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 61 лице, а беа повредени 203.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој вчера најави дека ќе се врати во Македонија, откако од Министерството за внатрешни работи беше повикан на информативна средба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорот Кучи се враќа во државата заради распит во МВР за истрагата за пожарот во Кочани
Меѓу новите осомничени се уште двајца поранешни министри за економија, Беким Незири и Ваљон Сарачини, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев, поранешни директори и актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Кучи
Амбасадор на Македонија во Норвешка и Исланд е од 2020 година.
Тој е доктор по уставно право – доцент на Државниот универзитет во Тетово, каде предавал уставно право, политички систем и уставно споредбено право.
Во 2021 година работел во Агенцијата за супервизија на осигурување.
Министер за економија беше во периодот од 2016 до 2018 година.
Од 2012 до 2020 година бил асистент докторанд на Државниот универзитет во Тетово.
Од 2012 до 2015 година бил координатор на дисперзираните студии на Државниот универзитет Тетово во Скопје.
Од 2010 до 2012 година бил помлад асистент на Правниот факултет на ФОН Универзитетот.
Од 2009 до 2011 година бил правен советник на проектот на Европската Централна Банка за рехабилитација на здраствените установи во земјава
Образование
Во периодот од 2014 до 2020 година студирал на Правниот факултет “Јустиниан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
Има положен правосуден и нотарски испит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Фото: Амбасада на Македонија во Норвешка и Исланд