Цената на бензинот Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за половина денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ)
Новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 71,50 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продваат по 64 денари за литар.
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува и останува 73,50 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.