Уште еден повреден во пожарот во т.н. дискотека во Кочани јавно го сподели своето потресно искувство и раскажа како преживеал кобната ноќ.
Станува збор за Јорданчо Ефтимов од Кочани.
Тој објасни како успеал да излезе од т.н. дискотеката, а ги покажа и изгорениците на рацете и лицето.
Вели дека изгорениците не ги добил од оган, туку од високата температура која се создала во просторијата, а имал малку изгореници, бидејќи бил потрупан со луѓе.
За среќа нема изгореници на дишните патишта, бидејќи како што раскажува, лежел на подот, а таму температурата била пониска и некако успевал да земе воздух, кој не му предизвикувал отежнување во дишењето.
„Не сум многу изгорен, бидејќи бев потрупан со луѓе, не сум сигурен дали беа живи, прилично тежеа, не зборуваа ништо. Пример јас зборував, тие не зборуваа ништо, и кога ги потргнав, кога ја извадив раката само видов дека се растргнуваат луѓето над мене и некој ми подава рака да станам“, вели тој.
Му била направена трансплантација на кожата со кожа од ногата и пресадена на деловите на кои биле потребни.
Напоменуваме дека видеото е вознемирувачко:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Роберт Божинов раскажа како бил спасен во пожарот во Кочани
Фото/видео: Support Kocani/4NEWS