еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку македонски државјани имаат имот во Дубаи

Поради посетата на македонската делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, на Обединетите Арапски Емирати, Дубаи е во фокусот на јавноста и медиумите.

Од Стопанската комора на Дубаи информираа дека нивни членки се 52 македонски фирми, од кои пет станале членки во првиот квартал годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дубаи има 52 македонски фирми

Не е познато со што се занимаваат тие фирми, а познато е дека Македонија таму извезува електроника, облека, возила, машини, овошје и зеленчук.

Кој стои позади нив исто така не е познато, а изминативе години на големо се шпекулираше дека таму бизниси имаат и македонски политичари или членови на нивните семејства, како и имот.

Истражување на норвешкиот финансиски центар „Е24“ објавено во 2022 година покажа дека 45 македонски државјани се сопственици на 55 имоти во Дубаи.

Вредност на овие имоти беше проценета на 14 милиони долари, а податоците беа од 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Со кој се сретна Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стабилно и сончево време до четврток

Редакција

50 македонски државјани се уште се таму: Дипломатска екипа не МНР ќе патува за Украина

Редакција

„Carra“ – Тајниот јазик на телото и уметноста

Редакција