На дваесеттина повредени во пожарот во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, а кај дел од нив процесот на заздравување би можел да потреае и до две години, информираше денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.
-Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребна за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација, рече тој, посочувајќи дека времетраењето на рехабилитацијата на повредените варира помеѓу еден до 24 месеци, кај потешките случаи.
– На околу 20 пациенти ќе им е потребна продолжена рехабилитација. За нив се подготвува центар во рамки на болницата „8 Септември“. Имаме и понуди од неколку држави за бесплатна подолготрајна рехабилитација, рече тој.
Моментално од 47 повредени кои се на лекување во странство само еден е во критична здравствена состојба.
Во здравствените установи во Македонија има пет хоспитализирани повредени, по двајца во болницата „Свети Наум Охридски“ и во „Систина“, на Клиникатата за пластична хирургија е хоспитализиран еден, а двајца се третираат амбулантски, односно се рехабилитираат во домашни услови, а доаѓаат на третман во клиничкиот центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице
На шест повредени во пожарот во Кочани им е трансплантирана кожа
Фото: МЗ