На 23.10.2018 година во 20.15 часот во СВР Скопје, И.М.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден во 20.00 часот во неговиот дом дошле лицата А.Г., С.Г., З.Н, С.Н, А.Н. и уште две непознати лица и физички го нападнале него и неговиот зет Ф.Р., информира МВР.
После тоа, А.Г. ја однел Д.А., со која А.Г. претходно бил во врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.