еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Синдикалната потрошувачка кожница за април повисока за 836 денари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ги објави минималните потрошувачки кошнички за март и за април.

Мартовската, како што информираа од таму не била објавена во предвидениот термин поради трагедијата во Кочани.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за март изнесува 61.855 денари, а споредено со февруарската која изнесува 63.773 денари, е намалена за 1.918 денари.

Синдикалната минимална кошница за април пак изнесува 62.691 денари, а споредено со мартовската е зголемена за 836 денари.

– Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект.

Измерено преку оние 63 основни прехранбени производи кои се дел од Синдикалната минимална кошница, евидентирано е намалување на делот од храната и пијалоците само за 6,78% во месец март, но граѓаните и работниците оправдано реагираат дека тоа не е доволно, односно нема видлив ефект и дека цените се или исти или се зголемени.

Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра.

Се прашуваме, дали ако целта на Синдикалната минимална кошница е да ја покаже реалната состојба и да изврши притисок за потребата од зголемување на платите на работниците, дали целта на владината просечна кошница е да покаже дека не треба да има зголемување на платите и дека македонскиот работник и со вака ниските плати живее добро, велат од ССМ.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На трошок на фирмата која управуваше со неа: Почна отстранувањето на галијата кај „Холидеј Ин“

Редакција

Зошто Егејците плачеа на говорот на Ципрас: Трагедијата си ја носат со генерации

Силвана Жежова

„Шкорпион груп“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за технолошко чистење во РЕК Битола вреден 147.000 евра

Редакција