еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Битола со добивка од 22,2 милиони денари во првиот квартал

Стопанска банка АД Битола во првите три месеци од годинава остварила добивка од 2,2 милиони денари, информираше Банката преку Македонската берза.

-Добивката во првиот квартал на 2025 година изнесува 22,2 милиони денари, што е значајно остварување доколку се има предвид дека Банката работеше со загуба од 51,7 милиони денари во истиот период од минатата година.

Позитивниот финансиски резултат се должи на засилената активност за наплата на нефункционалното портфолио на Банката и ослободената исправка на вредност од нефункционални пласмани.

Наспроти ова, нето-приходите од камати во првиот квартал од 2025 година се годишно пониски за 13,4 милиони денари (за 12,4%) и генерално ги отсликуваат намалените приходи поради намалената кредитна активност на Банката во последните две години.

Во претходниот период Банката помина низ суштинска трансформација и фокусот на работењето го стави на поголема наплата на кредитите, на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и на зајакнување на ликвидните позиции.

Ваквите трендови имаа влијание и врз нето-приходите од провизии и надоместоци, кои годишно се пониски за 15,3 милиони денари, што главно се должи на намалените приходи, но и на зголемените расходи за провизии и надоместоци на добавувачите на услуги на Банката, велат од таму.

Нето-приходите од курсни разлики во првото тримесечје биле позитивни во износ од 4,6 милиони денари и не забележале значајни годишни промени.

-Останатите приходи од дејноста се годишно пониски за 2,9 милиони денари поради високата споредбена основа од претходната година, кога беа остварени поголеми капитални добивки од продажба на преземен имот.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е позитивна и изнесува 6,5 милиони денари, што е значително различно од истиот период во 2024 година, кога беше негативна во износ од 94,4 милиони денари.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 8 милиони денари и ги одразува издвоените загуби за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРСМ.

Трошоците за вработените бележат намалување од 6,8 милиони денари, односно за 14,1% споредено со претходната година, во услови на намален број вработени и раст на продуктивноста на вработените.

Исто така активностите за оптимизација на трошоците резултираа со годишно намалување на останатите расходи од дејноста за 4,5 милиони денари, односно 9,6%, додека амортизацијата не бележи значајни годишни промени во апсолутен износ, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола лани со добивка од 163,1 милиони денари, претходната година работеше со загуба

Гордана Балтовска не е повеќе член на УО на Стопанска банка Битола, Борислав Атанасовски се враќа во НО

Даниела Ѓоршевска именувана за член на УО на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа нови осум пациенти од корона вирусот

Редакција

Вицепремиерот Хазби Лика мераклија за кафеани и ресторани

Редакција

Што му пишува во биографијата: Кој е Илхан Рахман идниот заменик-министер на Груби

Редакција