БИМ АД Свети Николе во првиот квартал остварил загуба од 4.092.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Во првото тримесечје од 2025 година остварен е приход од продажба во износ од 95.214.000 денари, што е за 55% помалку во однос на истиот период претходната година. По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 35,68%, додека од странскиот пазар со 64,32%.
Оперативните расходите за првите три месеци од оваа година изнесуваат 101.576.000 денари и се помали во однос на истиот период од претходната година. Најголемо учество во вкупните трошоци имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 83.422.000 денари.
Ова е резултат на исклучително тешките услови на стопанисување во производството на битуменските хидроизолациони материјали како резултат на глобалната криза која е присутна со позасилен интензитет и во овој период.
Исто така карактеристично е за овој зимен период значително намалената продажна активност и уградба на хидроизолационите материјали, а режиските трошоци заедно со платите поделени со производството по единица производ се значително поголеми, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БИМ од Свети Николе лани со зголемени приходи