еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Воз удрил во маж кај Градско кој починал на лице место, во прекин железничкиот собраќај на релација Гевгелија – Скопје

Патнички воз што сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, кое починало на самото место.

Поради сообраќајната несреќа железничкиот собраќај е во прекин, соопшти Регионалниот ЦУК Велес по информацијата добиена од Македонски железници.

РЦУК – Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден 1960 година.

-По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа, наведуваат од РЦУК Велес.

Од страна на екипи на СВР Велес и Јавен обвинител се уште се врши увид на местото на настанот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре до сабота температурите во пораст

Редакција

Вработена во „Орка холдинг“ сведочеше во „Рекет“: Кај Камчев однесов 710.000 евра во спортски торби

Редакција

68-годишен велосипедист загина во сообраќајка во Скопје

Редакција