еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за обид за убиство за двајца скопјани

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.З.(27) и З.Н.(27), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“,информира МВР .

Б.З. бил приведен и предаден на Основно јавно обвинителство во Скопје за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на уште едно лице кое учествувало во кривично-правниот настан.

На 22.10.2018 година било пријавено дека истиот ден во село Батинци, скопско, З.Н., Б.З.  и уште едно непознато лице пукале кон патничкото моторно возило „БМВ Х5“, со кое се движел Р.С.(36) од село Батинци, но во настанот  нема повредени лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Скопските пожарникари спасија падната повредена жена со скршеници која повикала Брза помош

Редакција

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Свети Николе: Дозволил да се „молзе“ општинската каса

Редакција

Загина 25-годишен скопјанец откако со мотоцикл излетал од коловоз на автопатот Скопје – Тетово

Редакција