еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Назиф Дестани сопственикот на „Еколог“ ги продал акциите во „Еуромакс“, која сака да отвори рудник во Иловица

Назиф Дестани, бизнисменот од Тетово, кој е сопственик на „Еколог“, за 3,2 милиони долари ги продал акциите во рударската канадска компанија „Еуромакс Рисорсес“, која подолг период сака да отвори рудник за бакар и злато во струмичка Иловица, објави „Дома“.

Порталот се повикува на информацијата која ја објави „Globe News Wire“, според кој холандската компанија „НДХ БВ„, која е дел од групацијата „НД Груп“, чиј основач е Дестани, тоа го направила пред неколку дена.

Акциите се продадени на компанијата „ВВВ Комодитис енд Рисорсес“.

Дестани во „Еуромакс Рисорсес“ во јануари 2023 година вложи три милиони долари во акции на канадската компанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овошните насади во Преспа се 100 проценти уништени

Редакција

Светски ден за борба против СИДА: Во земјава од ХИВ/СИДА починале 123 лица

Редакција

Наместо 16 ќе има 20: Со 88 гласа „за“ донесен Законот за реорганизација на министерствата

Редакција