еМагазин
Локално

Гевгеличанец наседнал на дрска измама: Го олесниле за 8.000 евра

На 29.10.2018 година во 13.25 часот во Полициската станица Гевгелија, Н.В.(72) пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот во Гевгелија две непознати лица го измамиле и му одзеле 8.000 евра, информира МВР.

Двете лица, кои зборувале на српски јазик, му се доближиле и му побарале пари затоа што, како што рекле, имале проблем со реализација на чек во банка, а им требале како гаранција за да може едниот од нив да оди на операција во Струмица.

Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот и потоа ќе му ги врателе. Откако им ги дал парите, заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изгаснат пожарот во Кисела Вода во кој гореа три стана

Редакција

Голема акција на МВР против дивите тркачи: Запленети 35 мотоцикли

Редакција

Македонска работа: Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово

Редакција