еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Титаник 2“ и „Тревник“: Обвинети Тачи, Мијалков, Латас

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“ и „Тревник“.

На претходното рочиште за „Титаник 2“ што се однесува за изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година беа испрашувани поранешните членови на Државната изборна комисија (ДИК) Виолета Дума и Субхи Јакупи.

Во овој случај обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.

Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коха: По Вашингтон и Брисел, и Анкара одбила Теута Арифи да биде амбасадорка во Турција

Редакција

Убава вест: Оздравени 77 болни од Ковид-19

Редакција

Мицкоски не откри што разговарал со Петков, за неговата посета вели дека е престава интересна за дипломатите од ЕУ

Редакција