еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Општина Дебрца покажа како се може: Советот едногласно изгласал парична помош за Сара

На 16. седница на Советот на Општина Дебрца, советниците едногласно ја изгласаа предлог одлуката за доделување еднократна парична помош за лекување на Сара Настеска во висина од 100.000 денари, информираше Општината на нивната фејсбук-страница.

Оваа одлука на Општината е донесена само еден ден откако Општина Охрид, помошта за Сара ја отфрли како точка од дневниот ред.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски појаснил дека и да се изгласа одлуката, Општината нема да може да ги исплати средствата, бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.

Сара Настеска треба да се лекува во Германија, операцијата чини 200.000 евра, а донор на коскена срцевина е нејзиниот брат Виктор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ирена Ристиќ до градоначалникот на Охрид: Еве како може да изгледа Одлуката за помош на Сара

СРАМОТА: Советниците од Општина Охрид не дадоа помош за нивната сограѓанка Сара

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идните инженери со голем интерес за можностите за пракса и вработување во Брако

Редакција

(Фото) Шопинг лудило во Рамстор Мол на Garage Sale

Редакција

Денеска бесплатно разгледување на Скопје и Битола со туристички водич

Редакција