еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

СРАМОТА: Советниците од Општина Охрид не дадоа помош за нивната сограѓанка Сара

Во период кога 15-годишната Сара Настеска е исправена пред голема борба за живот, борејќи се против рак, и во време кога цела Македонија се крена на нозе за да и помогне, нејзината Општина и го сврте грбот.

Имено, советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на Општина Охрид вчера, не се согласиле на дневен ред да се постави точка за доделување на еден милион денари за помош за лекување на Сара Настоска. За точката да се стави на дневен ред, гласале само советниците од етничките заедници.

Градоначалникот Јован Стојаноски појаснил дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.

Од друга страна пари за обесштетување на угостителите, кои претрпеа штети од поплавите, ќе има.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека рeстораните и кафетериите кои претрпеа енормни штети во невремето минатата пролет, и согласно Закон имаат право да бараат надомест на штета, се дивоградби.

Оваа одлука на советниците предизвика бура од реакции кај граѓаните кои сами од свој џеб финансираат голем број на хуманитарни акцции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ирена Ристиќ до градоначалникот на Охрид: Еве како може да изгледа Одлуката за помош на Сара, секако ако сакате

Семејство Настески: Ако продолжиме со ова темпо, за 15 дена ќе ги собереме потребните средства за Сара

Во Зоолошка градина-Скопје хуманитарен настан за Сара Настеска

(Фото) Дечиња од Охрид, од врата на врата собираат пари за Сара, а кон акцијата се приклучи и такси-компанијата Де лукс

Виктор треба да и донира на Сара коскена срцевина: Потребни се пари за операција во Германија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Картичката „Скопска“ купена пред повеќе од четири години ќе мора да се замени со нова

Редакција

Евакуирани жители на неколку куќи од Кокино: Гори борова, дабова и нискостеблеста шума

Редакција

Вања ја нема шест дена, полицијата приведе пет лица за нејзиното исчезнување

Редакција