еМагазин
Image default
Македонија

Што предвидува новиот Закон за јавно обвинителство: Посебно одделение за истраги на лица со полициски овластувања

Собранието вчера едногласно ги донесе денеска измените во законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и за судовите.

Имено, со измените на Законот за јавно обвинителство се овозможува да се формира посебно одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Одделението ќе има посебна стручна служба и јавнообвинителски истражители од истражниот центар што ќе се формира.

Јавните обвинители и раководителот на одделението ги распоредува јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за време од четири години со право на повторен избор.

За својата работа Одделението ќе изготвува годишен извештај што ќе го доставува до Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Советот на јавните обвинители, Јавниот обвинител и до Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не постои ниту еден акт потпишан од мене за рушењето на „Космос“, рече Јанакиески во завршните зборови за „ТНТ“

Редакција

Рекордни 535 заразени со Ковид-19 од 2.445 тестирања, најмногу во Скопје 277

Редакција

Рекордни 317 заразени со Ковид-19 од 1.990 тестирања, во Скопје најмногу 182

Редакција