еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за насилството во Собрание: Се очекуваат подолготрајни рочишта

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за настаните во Собранието на Македонија на 27 април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со прегледување на видео снимки од безбедносните камери во Собранието. Ова е трето рочиште за случајот неделава, а нови рочишта се закажани и за утре и задутре.

Судијката Добрила Кацарска го одложи вчерашното рочиште поради влошена здравствeна состојба на еден од обвинетите, но посочи дека со оглед оти последните две рочиште траеле многу кратко, следните ќе траат подолго со цел да се постигне тоа што било предвидено да се заврши на овие рочишта.

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство на референдумот регистрира четириесетина нарушувања на правото на глас

Редакција

Судот одобри куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во затвор

Редакција

ВМРО ДПМНЕ: Власта ја прикрива својата неспособност со обвинување на нашите соседи и партнери за бегството на Груевски

Редакција