еМагазин
Image default
Локално

Велешанец го натепал татка си зошто не му дал пари

На 30.10.2018 година околу 18.00 часот во СВР Велес, И.Ќ.(62) од Велес пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син М.Ќ.(32), инфрмира МВР.

Според пријавата, додека тој и неговата сопруга К.Ќ.(59) биле во куќата на нејзината мајка А.Б. на улица „Тодор Јанев“ во Велес, дошол нивниот син М.Ќ. и почнал да вика и да им се заканува дека ќе ги убие ако не му дадат пари.

Во еден момент тој физички го нападнал неговиот татко, а скршил и дел од покуќнината. Врз основа на судска наредба, полициски службеници излегле на местото и извршиле претрес во куќата на улица „Тодор Јанев“.

Притоа, во собата каде престојува М.Ќ. било пронајдено едно поголемо најлонско пакување со марихуана, кое било одземено и дадено на вештачење. Во собата било затекнато и лицето Ѓ.Б.(29) од Велес и при преглед кај него било пронајдено едно пакување со марихуана, кое исто така било дадено на вештачење. Двете лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му нанел повреда со нож по расправија пред маркет

Редакција

(Фото) Скопјани од денеска ќе се возат во нови автобуси

Редакција

Бизарен случај во Тетово: Пукал откако со задоцнување приметил дека возилото му е оштетено во сообраќајка

Редакција