Членовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“, денеска на прес конференција се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Станува збор за осумте пратеници од опозицијата кои неодамнаа гласаа за старт на процедурата за промена на Уставот, предвидена со договорот за името со Грција.
Седумте пратеници од оваа група по гласањето беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев соопшти детали од четирите нацрт амандмани за промена на Уставот, кои ги усвои Владата
Владанка Авировиќ: Социјалистичката партија не ме исклучи, го почитуваше мојот став
Канческа Милевска откри детали од нацрт амандманите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Фејсбук/Груевски