еМагазин
Image default
Македонија

Канческа Милевска откри детали од нацрт амандманите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Предлозите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“, Владата ќе ги вгради во нацрт-текстот на амандманите што денеска треба да ги достави до Собранието.

Координаторката на пратеничката група Елизабета Канческа Милевска на прес-конференција соопшти дека се известени од Владата дека нивните предлози се прифатени.

Во однос на барањето за гарантирање на идентитетот, Канческа Милевска рече дека ќе биде вградено во членот 49 од Уставот на РМ, каде што нашиот предлог кој што че биде вграден како нацрт амандман е: Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.

– Со овој нацрт амандман се потенцира обврската на Република Македонија за заштита, гарантирање и негување на историското и културното наследство на македонскиот народ, рече Канческа Милевска.

Владата го прифатила и нивното барање за безусловно поништување на сите амандмани доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евроатланските интеграции кои произлегуваат од имплементацијата од Договорот од Преспа.

– Нашиот нацрт амандман ќе гласи: Овие амандмани се составен дел од Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на влегување во сила Конечната спогодба на решаање на разликите опишани во резолуциите 837 и 845 од 1993 во Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на протоколот за членство во НАТО од страна на Република Грција, рече Канческа Милевска.

Во однос на барањето за постепена промена на името Република Северна Македонија за внатрешна употреба, таа кажа дека во Уставниот закон е добро да биде нацрт-амандманот: „Примената на името и терминологиите за внатрешна употреба ќе бидат согласно Договорот, при што за сите официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и за документите кои можат да се користат и надвор од државата прилагодувањето треба да се изврши во рок од пет години по влегување во сила на уставните амандмани. Документите кои се исклучиво за внатрешна употреба ќе се прилагодат на уставните амандмани при отворањето на секое поглавје во преговорите со ЕУ и ќе биде финализирано во рок од пет години од тогаш“.

Канческа Милевска очекува инклузивност и апелира сите пратеници да се вклучат во јавната расптава која мора да се одржи во оваа фаза од уставните измени.

Пратеничката група до претседателот на Собранието доставила иницијатива за формирање за основање интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција и во понеделник на координација со претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе биде дефинирано како ќе функционира ова тело и каква ќе биде методологијата за работа. Очекува членови на ова тело да има и од ВМРО-ДПМНЕ и смета дека Законот за амнестија треба да влезе на разгледување преку оваа Комисија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев соопшти детали од четирите нацрт амандмани за промена на Уставот, кои ги усвои Владата

Владанка Авировиќ: Социјалистичката партија не ме исклучи, го почитуваше мојот став

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Манчевски до АВМУ и до медиумските организации: Според кои стандарди „Инфомакс“ е медиум?

Редакција

Се уште тече рокот за жалба на првостепената пресуда за Јанкулоска

Редакција

Заев: Ова е голем историски ден, обезбедивме трајна стабилност за земјата

Редакција