еМагазин
Image default
Локално

Ќе се менуваат имињата на две катни гаражи во Скопје: „Македонска фаланга“ ќе се вика „26-ти Јули“, а „Тодор Александров“ – „Беко“

На следната седница на Советот на Скопје, што ќе се одржи идната недела, советниците ќе расправаат за предлогот за преименување на гаражите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“.

Според предлогот на Град Скопје, гаражата „Македонска фаланга“ лоцирана на улицата „Свети Кирил и Методиј“, во близина на трговскиот центар „Рамстор“ ќе се вика „26-ти Јули“. Поводот е 55-годишнината од земјотресот во Скопје, како и зачувување на историјата на градот.

– Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26-ти Јули 1963 година, стои во образложението на предлогот.

Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улицата „Даме Груев“, се предлага да се преименува во „Беко“ поради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од поранешната стоковна куќа „Беко“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш загина едно лице

Редакција

(Видео) Комунални редари се изживуваат врз женичка што кај Буњаковец заработува за леб: И ја превртеа гајбата и робата од торба

Редакција

Приведени угостител од Тетово и 18 Русинки, Србинки, Украинки…

Редакција