Седумнаесет годишно девојче синоќа се удави во реката Вардар, кај Гостиварско, бегајќи од куче скитник.
Колку суров начин да згасне еден млад живот.
Нападите од уличните кучиња, станаа секојдневие во Македонија, па со месеци наназад речиси да нема ден во билтенот на МВР да не има информација за напад од кучиња.
Глутниците од улични кучиња станаа и еден вид заштитен знак на плоштадот Македонија во центарот на Скопје, па дека не знаеме основни работи да решиме, секој ден дознаваат и бројните туристи, кои проаѓаат од овде. Да се надеваме дека главната импресија за Македонија нема да им биде дека биле искасани од куче.
Случајот со девојчето треба да ќе ги алармира властите низ државата, сериозно да му пристапат на овој долгодишен проблем, и во иднина да се избегне ваква голема несреќа.
Наместо да не замараат секој ден со глупости, да се фатат за работа и да ги решат вистински проблеми на граѓаните. Не бараме чуда!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште
Девојче од Гостиварско се удави во Вардар, бегајќи од куче скитник
Скопски перверзии: Глутница кучиња, преплашени туристи и прес-дружба на Петре Шилегов