еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пивара Скопје: Потврдуваме дека неколкумина вработени се имаат пожалено на стомачни тегоби

Потврдуваме дека неколкумина вработени во Пивара Скопје се имаат пожалено на стомачни тегоби, информираат од компанијата и додаваат дека состојбата на сите овие вработени ја следиме контиуирано и се надеваме дека тие наскоро ќе бидат добро.

„Веднаш по појавата на првите симптоми, Пивара Скопје и надворешниот добавувач на угостителски услуги, во соработка со надлежните државни институции – Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, ги презедоа сите неопходни чекори и проверки за да се откријат можните причини и да се изолира ваквата појава.

Повеќе информации би биле во можност да споделиме откако ќе ги добиеме резултатите од надлежните институции.

Сите вработени во компанијата добиваат редовен оброк подготвен и дистрибуиран од страна на надворешен добавувач. Безбедноста и здравјето на сите наши вработени е највисок приоритет за компанијата“, се вели во соопштението на компанијата.

Инаку, денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје дека неколку работници во скопска фабрика за производство на пиво и сокови се затруле со храна, екипа од инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Ценатрот за јавно здравје Скопје, вршат вонредна инспекциска контрола во мензата.

Целта на контролата е утврдување на евентуалниот причинител на труењето.

„Од страна на инспекциските служби, земени ќе бидат мостри од храната која се подготвувала/послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата.

Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена“, информираа од АХВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела едно починато лице од Ковид-19 и 180 нови случаи

Редакција

Од утре времето облачно, постудено и со обилни врнежи

Редакција

Биланс од грабежот на НЛБ банка во Чаир: Одземени 150.000 евра, повредените пуштени дома

Редакција