Маж на возраст од 48 години вчера бил пронајден починат на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.
Станува збор за Љ.И. од Скопје.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, на неговото тело не биле забележани видливи траги на насилство.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














