еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Македонските војници гордост: Државата ја претставија на најдобар можен начин пред највисокото воено тело на НАТО

Денеска високите воени претставници од Воениот комитет на НАТО во касарната Илинден имаа прилика да ја видат подготвеноста и дел од опремата на дел од декларираните единици од полкот за специјални операции, средната пешадиска баталјонска група, хеликоптерскиот детачмент, четата на воена полиција, инженерискиот вод и полската болница со улога 2.

„Полкот за специјални операции беше домаќин на највисокото воено тело на НАТО – Воениот комитет предводено од заменик претседавачот, генерал-потполковник Стивен Шапро. Големо БРАВО за сите припадници на АРМ кои денес ја претставија Македонија на најсветол можен начин. Демонстриравме што знаеме и што можеме. Оставаме другите да зборуваат за нас“, напиша генералот Методи Хаџи Јанев на неговата фејсбук-страница.

Фото: Фејсбук-страница на генерал Методи Хаџи Јанев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Традиционална крводарителска акција на Рамсторе

Редакција

По 7-ка во Кочани, славиме и за Џокер во Крушево

Редакција

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗНМ и Лекарска комора

Редакција