еМагазин
Image default
Балкан

Ќе добиваат субвенции: Платите на 10 илјади свештеници во Грција остранети од државниот платен список

Околу 10.000 вработени во црквата во Грција ќе бидат отстранети од државниот платен список, а нивните плати сè уште ќе бидат исплатувани како државна субвенција, објави Би-Би-Си.

Оваа одлука произлегува од договорот меѓу премиерот Алексис Ципрас и архиепископот Јеронимос.

Двајцата лидери соопштија дека државата ќе продолжи да им ги плаќа платите на свештениците, но повеќе не како на државни службеници.

Плаќањето ќе се врши преку годишна субвенција од околу 200 милиони евра преку фонд, кој нема да биде менуван ако црквата го зголеми или го намали бројот на свештениците.

За возврат, црквата нема да се спротивставува на напорите државата да се направи „религиски неутрална“ и ќе се откаже од секое барање за имот откако тој ќе биде преземен од државата.

Спорот за имотот датира од 1952 година, а во договорот двете страни соопштија дека ќе формираат заеднички фонд за управување и развивање на местата за кои и црквата и државата тврдат дека се нивни. Приходите и сметките ќе се поделат 50-50.

Грција се обидува да го намали својот јавен сектор по неколкугодишните меѓународни финансиски спасувања. Во 2015 година, 18% од работната сила беше вработена од владата.

Извор: Би-Би-Си/фото: ekathimerini.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вознемирувачки снимки од Волос во Грција кој го погоди и новото невреме „Илиас„

Редакција

(ВИДЕО) По земјотресот во Хрватска: Земјата се отвори во селата Палањек и Тишина, тлото стана течно

Редакција

Радев го назначи Стефан Јанев за нов привремен бугарски премиер, на местото на Захариева доаѓа Светлан Стоев

Редакција