Јавното комунално претпријате „Плаваја“ од Радовиш доби нова опрема во вредност од 5,8 милиони денари. Опремата се состои од градежна машина-универзален ровокопач и утоварувач, специјално комунално возило за собирање и транспорт на смет, донација од Рудникот “Бучим“ и ново погребно возило.
Новата опрема на комуналното претпријати ја предаде градоначалникот Герасим Конзулов, а директорот на „Плаваја“, Дејан Крстев, истакна дека со добивањето на новата опрема, посебно на новото возило за погреб, кое е набавено по 40 години, се решава долгодишниот проблем на претријатието со обнова на застарениот возен парк.
Градоначалникот Герсим Конзулов најави набавка и на ново специјално возило за чистење на улиците и тротоарите на градот со што ќе продоли инвестирањето во модернизација на опремата на јавното комунално претпријатие.
МИА/Фото: Општина Радовиш