Реакциите за укинувањето на додатокот за трето дете не стивнуваат, а од ДУИ сметаат дека предлогот треба да се разгледа.
– Демократската унија за интеграција смета дека политиките се одржливи кога се консензуални и ги исполнуваат очекувањата на граѓаните. Ние се ангажираме за формирање на здрави семејства и за создавање на услови за живеење, посебно младите да најдат перспектива во земјата, а не во некое друго место. Затоа сметаме дека оваа предлог мерка треба да се разгледа, анализира и унапредува. – вели Артан Груби.
Од друга страна, граѓаните се мајтапат со оваа мерка на Владата и на фејсбук имаат настан „Масовно оставање на трето дете пред Влада“.
„Поради укинување на мерката додаток за трето дете, ивентот е организиран со цел да им се помогнеме на оние кои не можат да се снајдат со проблемот „каде да го остават своето трето дете„. Без лажење, знаеме кое ви е второ дете и прво. Без манипулации, да го донесете на комшијата иако личи на вас. Без лажни вести околу овој настан“, се вели на оваа мајтап-страница.
Министерството за труд и социјална политика информираше дека со предложените измени на Законот за заштита на децата не се укинува надоместот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надомест за прво, второ и трето дете.
На овој начин, како што велат, се проширува правото на користење еднократна парична помош за новороденче и се дава можност за тоа и за второродено и за третородено дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не се укинува додатокот за трето дете, туку се унапредува