еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Срамна држава која уништува таленти: Виси учеството на македонскиот тим на Јуниорската олимпијада во Боцвана

Шест талентирани ученици од Македонија нема да заминат на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, која на почетокот од декември ќе се одржи во Боцвана, ако не се најдат пари за авионски билети до оваа африканска земја, пишува deca.mk.

Котизацијата од 1.000 американски долари е платена, а парите ги собраа трите научни друштва што ги подготвуваат учениците за оваа манифестација – Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).

Секој ученик сам си платил по 80 евра за виза. Парите неповратно ќе пропаднат ако не се обезбедат авиобилети, кои организаторите не можат да ги платат без институционална помош.

-За да заминеме, потребни ни се околу 12.000 евра. Тука не ги вклучуваме трошоците на децата кои сами плаќаа за двапати неделно да доаѓаат на подготовки, некогаш и преспиваа во Скопје, трошоците за подготвителни материјали или хонорари за тимот што ги подготвуваше, вели доц. д-р Ламбе Барандовски, претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ.

Целата сторија на deca.mk прочитајте ја ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ковачевски, Петровска, Маричиќ, францускиот предлог… дел од маските на Вевчанскиот карневал

Редакција

Епидемиологот Микиќ: Постојат индиции дека можеби БСЖ-то создава отпорност на корона вирусот кај некои лица

Редакција

Денеска претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција