еМагазин
Image default
Бизнис

Во септември пад на бројот на дозволи за градба

Во септември годинава се издадени 219 одобренија за градење, што е за 1,4  проценти помалку во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.051.068.000 денари, што е за 42,6  проценти помалку споредено со септемви минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (59,3  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11 проценти) за нискоградба и 65 (29,7  проценти) за реконструкција.

Од вкупно 219 објекти, на 149 (68 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (32 процента) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 495 станови, со вкупна корисна површина од 43.895 метри квадратни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Редакција

Агенцијата за храна и ветеринарство уништила 280 килограми небезбеден сусам увезен од Индија

Редакција

„Соникс“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на болнички кревети вреден 396.000 евра

Редакција