Во периодот јануари-септември, „Макпетрол“ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 16,4 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 2,4 милијарди денари, односно остварен е пораст од 17,6%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 99% коишто приходи се остваруваат 94% со продажба на домашниот пазар.
Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 15,7 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за само 1,9 милијарди денари или 14,5%.
„На крајот на овој период, друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 676 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 622 милиони денари, која е трипати поголема од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 201 милиони денари“, соопшти компанијата.
Фото: Макпетрол
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ