еМагазин
Image default
Македонија

Судење за насилството во Собрание: Вељаноски му пишува на Димовски: „одма десетина пратеници пред кабинет кај мене за да го бранат“

„Гледајте ако стварно го бираат Талат, одма десетина пратеници пред кабинет кај мене за да го бранат кабинетот, пола пред кабинет, пола во сала“, пишува поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски во смс пораки до пратеникот Илија Димовски што денеска беа прочитани на рочиштето за настаните во законодавниот дом на 29 април лани.

На 27 април во 16:04 Никола Груевски праќа порака на Вељаноски „од Панче Кралев: Од ДУИ информација од човек што дојде од состанок со Талат, денеска попладне се спрема избор на Талат за претседател по иницијатива на СДСМ”.

Груевски на 26 април 2017 во 10:58 испраќа порака до Вељановски со содржина „од Чавков: добро утро директоре да ве известам добив инфо од лојален колега Албанец дека денеска околу 13 часот се планира нешто од другава страна да се направи нешто во Собрание, дали инцидент или на сила да се изгласа претседател. Немам повеќе информации во тој правец”.

Сања Угриновска на 27 април околу 13 часот си разменува пораки со Вељаноски за тоа: „дали е отворена вратата од салата Борис Трајковски“ и „отворена е” и “дали да ја затворат?”, за на крај Сања да му прати порака „не, ќе ве обвинат вас”.

Угриновска во друга порака до Вељаноски му пишува „Да ве известам Заев имаше прес и кажа: местото може да е во сала, во ходник, на скали, во МАНУ. Моментот бил дојден и тој би сакал во понеделник Хојт Ји кога ќе дојде, Талат да биде претседател. Мислам дека утре ќе се обидат да го направат изборот.

Подоцна Вељановски истата порака му ја препраќа на Никола Груевски во 14.54 часот на 27 април.
Вељаноски во 18:21 добива порака од Иван Цветановски во која пишува: „уште стојат двете страни, Душица од 24 Вести прави пренос во живо од галерија”.

Вељановски во 18:32 на Илија Димовски му пишува „ќе има шатори”. Димитар Стеванаџија, пак, на Вељаноски му праќа порака во која прашува: „а да се гаснат полека светлава?”

Димовски во 18:39 часот му пишува на Вељаноски „го прогласија Талат”, по што овој му враќа „види пратеници пред кабинет да дојдат ако тргнат наваму”. Димовски му одговара „ок”.

Вељановски во 18:41 во смс до Никола Тодоров пишува „народ нека се собере”, а неклклу минути подоцна во порака до Илија Димовски вели „влегува народот”.

Денешното рочиште во Кривичниот суд продолжува со изведување смс и вибер пораки од мобилниот телефон на тогашниот собраниски спикер Трајко Вељановски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се читаа пораките на Вељаноски за насилството во Собрание: “Да не им дозволат да седнат на моето место“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 96 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Мицевски до Реџепи: „Ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада“

Редакција

Двајца новозаболени и петмина оздравени од Ковид-19 во Делчево

Редакција