еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Крводарителска акција на Рамсторе

По повод 13. роденден на Рамсторе Македонија и во насока на својата визија која има за цел да  превземе чувствителни активности кон општествтото, во соработка со Црвен Крст на Р. Македонија и Заводот за трансфузиологија, денеска заедно со своите вработени организираа крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, Дарувај Крв„, информираат од компанијата.

„Вредностите врз кои Рамсторе го темели својот успех се квалитет, врна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање на локалната заедница. Рамсторе, со високите малопродажни стандарди, задоволни вработени и сите останати соработници со кои гради фер односи, на чувствителен начин ја сноси општествената одговорност.

Би сакал да истакнам дека ние како Рамсторе ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето здравје, а воедно ќе им помогне на болните на кои им е потребна.

RamstoreRamstoreRamstoreRamstore

Исто така, посебно ни е драго, што токму на овој историски важен ден за Скопје, заедно со нашите вработени ја покажавме нашата хуманост и како компанија и како личности.

Дарувањето на крв за нас, е должност на секој човек и воедно како компанија придаваме огромно значење на општествено одговорните активности кои додаваат вредност на општеството во кое живееме. Би сакал да им се заблагодарам најпрвин на тимот на Црвен крст, кој најсовесно ја извршува својата работа, на генералниот директор, Саит Саити и секретарот на Црвен Крст на Град Скопје, Тунева Пауновска, Др.Седула Усеини, директор на Институт за трансфузиона медицина за нивната поддршка, а потоа и на сите вработени и соработници кои беа дел од денешната крводаритлена акција и ја покажаа својата хуманост“, изјави Ајхан Узун, генерален директор на Рамсторе Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mакедонска премиера на филмот „Тело“ на Петра Селишкар на 14. „МакеДокс“

Редакција

Презентирано истражувањето „Европски навики за плаќање во 2019 година“

Редакција

(Фото) Park Hotel & Spa го одбележа вториот роденден: Неделен бранч во друштво на амбасадори и претставници на амбасадите

Редакција