еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

ДНК од лицитација на „Златната бубамара“ собра 690.000 денари за Лео

Голем број македонски музичари, модни креатори и други уметници, самоиницијативно организираат акции за помош на Леонид Индов, кој е на лекување во Виена, Австрија и на кого му е потребна нашата помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Леонид сега е најважен во државата, еве како можете да помогнете

Групата ДНК, која на овогодинешново издание на „Златна бубамара на популарноста“ со Раде Врчаковски Врчак освои награда за Песна на годината, статуетката ја понуди на лицитација и од истата заработи 690 илјади денари, информираа тие на Фејсбук.

Најмногу пари понудил Кирче Митрески од Охрид, сума од 250.000 денари и тој ќе ја добие истата.

Филип Патриклиски од Eam T-Shirts понудил 150.000 денари, Живко Коцев, 90.000 денари, а компанијата Еклектик Диспеч, 200.000 денари.

И тие и покрај тоа што не понудиле највисока сума, решиле сепак да ги донираат парите за Лео.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) За Лео, Благојчо Ѓоргиев од Кочани на продажба го стави својот скутер за хендикепирани

Апел за ИТНА промена на законот: Ниту една клиника во Македонија нема знаење и опрема за лекување на Леонид Индов, и затоа е во Виена

Бирократско вртење во круг: Леонид засега останува без државна помош за лекувањето во Виена

Фото: ДНК/Индов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Излезноста на Локалните избори до 9.30 часот е 3,28%

Редакција

Девизните резерви на крајот на февруари 3,9 милијарди евра

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Инспекторатот за животна средина за набавка на возило вреден 10.000 евра

Редакција