И Италија, Франција и Полска одбија да му помогнат на САД за војната во Иран

По Шпанија, која го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во војната во Иран, уште три земји членки на НАТО и на Европската унија одбија да му помогнат на САД во војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во војната во Иран

Како што објави агенцијата Ројтерс, и Франција и Италија и се приклучуваат на Шпанија во забраната за користење на нивната инфраструктура за американско-израелските воени операции.

Двете земји со ваквата одлука покажуваат јасно дека се дистанцираат од војната во Иран, која се прошири и на Блискиот Исток.

Дополнително Полска одби да ги распореди своите системи „Патриот“ на Блискиот Исток. Тамошното Министерство за одбрана соопшти дека приоритет останува заштитата на националниот воздушен простор и источното крило на НАТО.

Американскиот претседател Доналд Трамп периодов во неколку наврати силно го критикуваше НАТО поради дистанцирањето на Алијансата од војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ова не е наша војна“, му порача Велика Британија на традиционалниот партнер САД

Европски земји, Јапонија и Австралија го одбија Трамп за испраќање на воена помош за одблокирање на Ормускиот теснец

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести