33-годишниот М.Д. од гостиварската населба Дутлок, кој е осомничен за убиството на неговиот татко, 63-годишниот К.Д., се обидел да го скрие убиството.
Како што информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар тие пред убиството започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања. Потоа осомничениот физички го нападнал татко му, удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои тој починал.
-Веднаш по настанот осомничениот ги прикрил трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб.
Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција, велат од Обвинителството, кое до Основниот суд во Гостивар доставило предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризик од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.
ОЈО Гостивар, како што велат од таму, донело Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, кој се терити за “убиство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново убиство: 34-годишен гостиварец осомничен дека го убил татко му














