И денеска ново убиство ја потресе Македонија. Маж на возраст од 34 години е осомничен дека го убил неговиот татко.
Станува збор за М.Д. од Гостивар, кој е уапсен синоќа по полноќ.
Убиениот е 63-годишниот К.Д. од Гостивар.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), пред да биде уапсен осомничениот, во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријавило дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство.
Полицијата 20 минути подоцна го нашла починатиот во неговата куќа со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода го лишила неговиот син.
Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не го пријавил кај надлежните служби.
Тој се сомничи за кривичното дело „убиство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на синот кој си ја уби мајка му, сам се пријавил во полиција: Детали од МВР
Син во Росоман ја заклал мајка му
Фото: Унсплеш














