Буџетот на државата губи најмалку по 1 милион евра дневно поради кризните мерки за ублажување на ценовниот шок за граѓаните поради енергетската криза, која ја предизвика војната на Блискиот Исток.
Податокот денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се одредува цената на бензините и дизелот
За ублажување на кризата Владата вчера ја продолжи мерката за намалување на стапка на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% до крајот на кризата, а ја намали и акцизата за дизелот за 4 денари и за бензините за 2 денари по литар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Намалувањето на акцизата и ДДВ-то за горивата ќе влијае на приходите на државата
Како што веќе анализираше еМагазин, тоа ќе значи дека државата ќе има помали приходи од овие давачки, што на подолг рок би значело и помалку пари за капитални инвестиции или за други потреби на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија расцвета “бензин туризмот“, ќе има ли ограничување за странците?
Два милиони литри гориво се трошат дневно во Македонија
Април со цените ќе биде полош од март
Фото: Унсплеш














