Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера поднесе обвинение за судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов.
Тој е обвинет за “Противправно стекнување и прикривање имот“ и “Перење пари и други приноси“, откако како што е познато во домот на неговите родители во Неготино беа најде заѕидани 350 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што информираа од Обвинителството парите ги немал пријавено и немал доказ за нивното потекло.
Ристов е судијата на кој требало да влијае поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, за да издејствува бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот да не оди во затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Фехми Стафа, кој за поткуп од 50 илјади евра доби затвор од 15 месеци
Исто така вчера од Апелациониот суд Штип информираа дека Ристов останува во куќен притвор и дека е одбиена неговата жалба за продолжување на истиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијата Ристов останува во куќен притвор
еМагазин разгледа каков имот пријавил Ристов до Антикорупциската комисија кога станал судија во Апелација во 2020 година, кој го имаме во архива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендицата ја нема во анкетниот лист на судијата Ѓоко Ристов
Каков имот пријавил
На свое име пријавил стан од 70 метри квадратни во Скопје.
Вози “фолксфаген пасат„, а на име на сопругата пријавил возило “опел астра“.
Тогаш пријавил и два кредити, едниот на име на сопругата од 2,7 милиони денари, кој треба да се врати во 2045 година и на свое име, од 1,5 милион денари, кој треба да го врати во 2038 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На кои случаеви работел судијата Ѓоко Ристов во чиј дом беа најдени 350 илјади евра
Која е фирмата Тритерол петрол, за чија лиценца Бислимоски заработи кривична
Фото: Унсплеш













