На 16.11.2018 година околу 20,50 часот во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“ Н П.(35) од село Новаци управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаците Т.М.(73) и К.М.(71) од Битола, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.М. и К.М. На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, по што се задржани на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.