Доктори од скопски клиники и сопственици на приватни дерматолошки ординации вчера се уапсени во акција на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Во рамки на акцијата вчера се вршеа претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, а денеска се очекуваат повеќе детали од МВР и ОЈО ГОКК.
Тие се сомничат за повеќе кривични дела.
Повеќе медиуми неофицијално објавија дека тие се сомничат и за нелегален увоз и продажба на фалсификуван ботокс, филери и други медицински препарати. Истите во Македонија се внесувале преку нелегални канали од повеќе држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И денeска се апсат лица за незаконскиот увоз на материјали за ботокс и филери













