Која е фирмата „Јакимовски“, која ја гради зградата во Кисела Вода, каде загина работник

Несреќата што се случи пред неколку денови во скопска Кисела Вода, каде при лизгање на земјиште при изградба на зграда, загина еден работник, а четворица беа повредени, е во фокусот на јавноста.

Починатиот работник имаше 34 години и е од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загинатиот работник во Кисела Вода имал 34 години

Повредените завршија во болница. Тројца од нив имаат полесни повреди, а едниот има скршеници на двете потколеници и едната натколеница.

Инвеститор преку фирмата Нар Инвестмент е поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, изведувач е фирмата Компанија Јакимовски, а надзорот го врши Сара-4.

Која е фирмата Компанија Јакимовски

Компанија Јакимовски ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е основана во март 2011 година.

Преставништвото и е во Општина Кисела Вода.

Основач и сопственик е Предраг Јакимовски.

Истата е регистрирана како друштво за градежништво, трговија и услуги за изградба на станбени и нестанбени згради.

Која е фирмата Нар Инвестмент

Нар Инвестмент ДООЕЛ Скопје е основана лани во ноември.

Преставништвото и е во скопски Центар.

Актуелен директор е Илија Коневски.

Основач и сопственик е Ивица Коневски.

Регистрирана е како друштво за градежништво и услуги за изградба на станбени и нестанбени згради.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На четири повредени се зголеми бројот на работници од лизгањето на земјиште при изградба на зграда во Кисела Вода

Ивица Конески е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што еден работник загина, а тројца се повредени при затрупување со земја

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести